Штабот на Социјалдемократскиот сојуз кој се наоѓа во центарот на градот, поточно во зградата на Поранешен комитет, денеска неколку минути пред 11 часот е искршен од страна на засега непознат сторител.
Според очевидците непознато машко лице излегло од автомобил и со безбол палка удрило врз фотографијата на градоначалникот Максим Димитриевски.
– Закани, вандализми, демолирање. Што ѓавол влезе во нас луѓето? Зошто? Можеш да ме сретнеш слободно на улица секојдневно и да ми кажеш што имаш, да дебатираме со аргументи. На крајот разумот победува, тој што прави дело ќе одговара. Ние ќе продолжиме со нашата борба за подобар живот за сите, експресно реагираше Димитриевски на својот фејсбук профил.


