Вандалите ги доизвадија и останатите клупи во Соколана

Сподели со своите пријатели

Вандалите ноќва успеале да ги извадат и останатите клупи во градскиот парк Соколана кои не беа оштетени претходно.

Откако половина од нив останаа без дрвените подлоги, несовесните граѓани на Куманово успеале да ги извадат и оние кои беа неоштетени.

Од неофицијални извори дознаваме дека ноќва во пракот биле забележани три сомнителни лица со качулки на главата како ги демонтираат клупите во паркот.

Случајот претходно надлежните го пријавиле во полиција, но засега нема ниту информации за неговото расчистување.

Фото: Фејсбук

Loading...

Leave a Reply