Валерија и Андрија Карпиленко се бореле рамо до рамо во опколената челичарница Азовстал во Мариупол. Таму се венчале на 5 мај и тој ден чилечарницата беше нападната од Русите.
Само три дена подоцна Андрија бил убиен. Неговата сопруга објави на Фејсбук на 11 мај дека нејзината сакана „Брада“ засекогаш ги затворила очите на 8 мај.
Ти беше мојот законски сопруг три дена, но ќе останеш моја љубов засекогаш. Драг мој, мој грижлив сопруг, ти си бил и ќе бидеш најдобар. Останувам со твоето презиме, твоето драго семејство и сеќавањето на времето поминато заедно – напишала Валерија и му ветила на својот покоен сопруг дека ќе ја преживее опсадата и ќе продолжи да живее за двајцата.
Таа објави неколку заеднички фотографии и бурми кои ги направиле од златна хартија.
#Mariupol defender Valeriia Karpylenko and #Ukrainian border guard Andrii got married on May 5 in #Azovstal with foil rings💍
3 days after Andrii was killed. She promised him to get out of the siege and live for him💔#SaveMariupol#ArmUkraineNow pic.twitter.com/s51WV7Ox51
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) May 12, 2022
Да го потсетиме Мариупол, речиси под руска контрола. Со денови се водат битки околу челичарницата Азовстал.
Во него беа заробени и цивили, но руските сили тврдат дека биле евакуирани. Во фабриката за челик има и бројни ранети војници, а Киев и Москва преговараат за нивно спасување, како и за спасување на други украински борци кои се наоѓаат во фабриката.