Валерија го убила сопругот кој ја злоставувал уште од детството: За едни е херој, за други ладнокрвен убиец

Сподели со своите пријатели

Валерија Бакот има 40 години и е мајка на четири деца. Ноќта на 13 март 2016 година, таа пукала во задниот дел на главата на нејзиниот сопруг и поранешниот очув Даниел Полет, додека тој се обидувал да го запали автомобилот.

Loading...

„Имаше силен шум, блиц, мирис на барут“, се присетува таа, опишувајќи детално како го потпрела наполнетиот пиштол на потпирачот за глава на возачкото седиште за да не промаши, а потоа ги затворила очите и го повлекла чкрапалото.

„Јас навистина не разбирав што направив. Излегов од автомобилот и тој само испадна”.

 

 

Подоцна истата вечер, Валерија ги повикала своите двајца синови, но и момчето на нејзината ќерка и ги замолила да и помогнат да го закопа телото на Даниел во шумата недалеку од куќата. За да им го осветли патот, Валерија користела блиц на нејзиниот телефон.

Една година подоцна, полицијата пронашла плиток гроб каде бил закопан Даниел Полет.

Loading...

Еден дел од италијанската јавност ја брани Валерија Бакот, сметајќи дека нејзината постапка е оправдана затоа што со децении трпела страшно физичко насилство, сексуално и емотивно малтретирање од сопругот, возач на камион.

Даниел Полет бил алкохоличар и осуден сексуален престапник, кој започнал да ја силува Валерија додека таа била негова пасторка и имала само 12 години. Подоцна ја присилил на проституција.

Нејзината одбрана вели дека Валерија прибегнала кон самоодбрана откако властите не успеале да ја заштитат од Полет.

 

 

Одбраната тврди дека Валерија се обидела да ја заштити и нејзината 14-годишна ќерка, бидејќи сметала дека Даниел планира да ја подведе со некои луѓе.

Од друга страна, обвинителите наведуваат дека Валерија е ладнокрвен убиец затоа што планирала претходно да го убие својот сопруг.

Loading...

Имено, на денот кога се случило убиството, таа се обидела да го отруе Даниел фрлајќи мелени апчиња за спиење во неговото кафе. Сепак, по една голтка кафе, Даниел го истурил, тврдејќи дека е лошо и дека не сака да го пие.

Зошто овој случај толку остро ја подели Италија?

Од една страна, има и такви кои веруваат дека општеството е полно со брачно и семејно насилство кое никогаш не може да се искорени, со оглед на тоа дека италијанското општество се заснова на традиција која смета дека жената мора да го задоволи својот сопруг.

Од друга страна, има и такви кои веруваат дека феминизмот полетал премногу и дека никој нема право да одземе живот на друго човечко суштество.

Во секој случај, без оглед на тоа кој е во право, вистина е дека Италија е една од европските земји со најмногу „фемициди“ затоа што 55 жени биле убиени од нивните партнери оваа година.

 

 

Loading...

Повеќе од 620.000 луѓе потпишале петиција со која се бара обвинителството да го повлече обвинението за убиство против Валерија.

Скоро пет милиони луѓе имаа можност да ја преслушаат Валерија Бакот во болно ТВ-интервју, која зборуваше за нејзиниот живот и мемоарите наречени „Секој знаеше“.

Автобиографијата на Валерија Бекот, на 200 страници, го опишува моментот кога нејзините родители се развеле и кога нејзината мајка започнала врска со алкохоличарот Даниел Полет.

Полет започналал сексуално да ја злоупотребува Валерија во 1992 година, кога имала само 12 години.

Според Валерија, Полет ја малтретирал секој ден, откако се вратила од училиште, додека нејзината мајка била на работа.

Во 1996 година, Полет бил уапсен и осуден на четири години затвор, но по 2 години затвор бил ослободен. Нему му било дозволено да се врати во куќата каде што живеела Валерија со нејзината мајка алкохоличарка. Тогаш злоупотребата започнала повторно.

Loading...

„На никого не му изгледаше бизарно што на Даниел му беше дозволено да се врати во нашата куќа. Секој знаеше и никој ништо не рече”, вели Валерија.

 

 

Нејзината мајка никогаш не застанала на нејзина страна. Валерија се сеќава како ја слушнала нејзината мајка како и рекла на Даниел: „Не ми е гајле се додека не остане бремена“.

Loading...

Кога имала 17 години, Валерија останала бремена, а нејзината мајка ги избркала неа и Полет од куќата. Немајќи каде да оди, Валерија започнува да живее со Даниел. Таа го родила неговиот син, а подоцна уште два сина и една ќерка.

По неколку години, двојката се венчала, но како што вели Валерија, тоа не била романса, туку принуда. Таа немала никој, Даниел не и дозволувал да комуницира со роднините, немала пријатели.

Ја претепал, и удрил шлаканица, и се заканувал со огнено оружје. Почнал да ја тепа со чекан по главата.

Во една прилика тој ја замолил да има секс со друга жена и го снимал тоа преку телефон. Кога таа се побунила, тој и ставил пиштол на челото и рекол дека следниот пат таа и нејзините деца ќе бидат мета.

Валерија вели дека заедницата знаела дека тој е насилен, дека има насилство во тоа семејство, но дека никој не сторил ништо.

Loading...

Во една прилика, таа ги испратила децата во полициската станица да го пријават својот татко, но тие ги вратиле со образложение дека некој постар мора да го стори тоа.

Во 2010 година, сè се сменило на полошо. Даниел престанал да работи како возач на камион и решил да биде макро на својата сопруга. Тој ја претворил Валерија во проститутка.

 

Валерија вели дека навечер имала до 15 клиенти, дека постојано ја силувале и дека Даниел го гледал сето тоа и уживал да ја понижува.

Таа се решила да го убие од страв за својата ќерка, бидејќи тој започнал да планира да го воведе нејзиното дете во проституција.

Loading...

„Судскиот систем е премногу бавен, не е доволно реактивен и не е доволно силен против насилството во бракот. Тоа е она што може да ја наведе очајната жена да убие за да преживее“, велат адвокатите на Валерија Бакот.

Судењето треба да продолжи до крајот на неделава…

Што мислите за случајот со Валерија Бакот? Дали имала право да го убие својот сопруг?

Leave a Reply