Вакцините помалку ефикасни против делта сојот

Сподели со своите пријатели

Новите студии покажаа дека вакцините се помалку ефикасни во борбата против делта сојот на коронавирусот, рече директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести, д -р Рошел Валенски.

Таа потврди дека е за користење на третата доза од вакцината и посочи дека во студијата за вакцинација во домови за стари лица се наведува дека ефективноста на вакцините во случај на контакт со делта варијантата на коронавирусот е намалена на 53 проценти, пренесува Ројтерс.

Д-р Валенски, исто така, се осврна на резултатите од израелската студија која покажа зголемен ризик од потешки форми на ковид-19 кај оние кои биле вакцинирани рано.