Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) утврдија дека во области со високо ниво на инфекција со коронавирус, и вакцинираните и невакцинираните граѓани мора да носат маска.
„Во ретки прилики, некои вакцинирани лица со делта сојот можат да бидат заразни и да го пренесат вирусот на други“, рече директорот на ЦДЦ, Рејчел Валенски.
Здравствената агенција, исто така, препорача училиштата да го прифатат универзалното носење маски, иако претходните упатства наведоа дека вакцинираните ученици и вработени не треба да ги носат, пишува ABC News.
„ЦДЦ препорачува локалните власти да го охрабрат универзалното носење маски во затворен простор за сите наставници, вработени, ученици и посетители на училиштата, без оглед на статусот на вакцинација“, рече ЦДЦ во новите упатства.
Директорката на ЦДЦ, Рејчел Валенски рече дека податоците покажуваат дека делта варијантата „се однесува уникатно“.
Податоците покажуваат дека „во ретки прилики, некои вакцинирани луѓе со делта варијанта можат да бидат заразни и да го пренесат вирусот на други“, рече таа.

