Вакцинацијата не е доволна да се заврши пандемијата, вели главната научничка на СЗО

Сподели со своите пријатели

Д-р Сумја Сваминатан, главен научник на Светската здравствена организација (СЗО), вели дека вакцинацијата не е доволна за да се стави крај на пандемијата.

Loading...

Таа нагласува дека вакцините треба подеднакво да се дистрибуираат во посиромашните земји, како и медицинските помагала за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Вакцинацијата е само едно средство, но не е универзално решение. Вакцините се многу ефикасни против заштита од тешкиот и комплициран тек на болеста, но не штитат сто проценти од инфекција. – нагласи д-р Сваминатан.

– Иако појавата на инфекција кај вакцинираните луѓе е сè уште ретка, вакцинацијата не значи дека човек не може да го пренесе вирусот на друго лице со поголем ризик, сепак имате земји со висока стапка на вакцинација каде стапката на инфекција расте – додава д-р Сваминатан.

– Колку се повисоки стапките на пренос на инфекцијата, толку е поголема опасноста од генерирање на нови варијанти, кои потоа се враќаат и повторно ги инфицираат луѓето, дури и ако се вакцинирани. Постои силен научен аргумент за продолжување на примената на мерките против коронавирусот, додека сите во светот не добијат заштита. – продолжува докторот.

Подготовка за следната пандемија

Д-р Сваминатан ја повика меѓународната заедница да инвестира во подготовките за идна пандемија, со цел да се избегнат погубните последици што светот ги виде во последните 20 месеци.

– Светот мора повторно да размисли за подготвеноста за пандемија, како навистина да се подготвиме за спречување на следната пандемија? И ако тоа не е сосема можно, како може да се открие навреме и во рана фаза? И како да се одговори на тоа? – нагласува докторката.

Loading...

Според Њујорк Тајмс, околу 49,7 отсто од светската популација примила најмалку една доза од вакцината.

Светската здравствена организација не ја прогласи новата мутација за „посебна причина за загриженост“ откако минатата пролет се појави многу заразна варијанта на делта. Сепак, таканаречената варијанта делта-плус ги загрижи лекарите во Израел и Јапонија.

Многу богати земји со релативно високи стапки на вакцинација веќе ги укинаа ограничувањата поврзани со пандемијата, во некои случаи и покрај зголемувањето на бројот на заразени – како што е Обединетото Кралство, кое во голема мера го укина задолжителното носење маски на јавни места.

Данска, каде 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, ги повлече речиси сите мерки.