Вакцинацијата против „Ковид -19“ е „чин на љубов“, рече денеска папата Фрањо, повикувајќи ги верниците да се вакцинираат.
„Вакцините даваат надеж дека пандемијата ќе заврши, но само ако се достапни за секого и ако работиме заедно“, рече римокатоличкиот водач.
Папата испрати видео порака за поддршка на кампањата за промовирање на вакцинација во САД и други американски земји.
„Да се вакцинира (…) е чин на убов, а придонесот за повеќето луѓе да бидат вакцинирани е чин на љубов. „Љубов кон себе, љубов кон семејството и пријателите, љубов кон сите“, рече 84-годишниот папа.

