Вака се постапува со нелегално паркираните автомобили во Германија

Сподели со своите пријатели

Берлинската полиција го запре тјунираниот мерцедес, а потоа забележа голем број пропусти во автомобилот. Сопственикот се обидел да се снајде велејќи дека автомобилот го купил пред половина час и дека не забележал никакви преправки, но не му успеало. Полицајците уредно ги наведоа сите недостатоци, од истекување на масло од моторот, до лошо инсталирани надградби на каросеријата како што се предните и задните спојлери. Откриле и дека димензиите на гумите не одговараат на бандажите, како и некои други помали недостатоци.

Loading...

По сето тоа што било забележано, полицајците решиле да го одземат возилото и најверојатно да напишат неколку казни. Овој Мерцедес е само дел од уловот во акцијата на лов на нелегално тјунирани автомобили и улични тркачи.

Судејќи според фотографијата, станува збор за AMG верзија на C-Class, C63 AMG, која се придвижува од атмосферски 6.2 V8 со 457 КС и 600 Nm.