Вака изгледа првото електрично Масерати

Сподели со своите пријатели

Масерати ги претстави официјалните фотографии од својот прв целосно електричен автомобил.

Loading...

Ова е GranTurismo Folgore, кој ќе воведе сосема нова ера за бренд кој претходно се поврзуваше само со мотори со внатрешно согорување.

Италијанците најавија дека до 2025 година сакаат да имаат електрична верзија на секој од понудените модели, а 5 години подоцна сакаат да се префрлат само на струја.

GranTurismo Folgore ќе биде не само првиот електричар на оваа марка, туку и најмоќниот патен автомобил Масерати што некогаш го понудил.

 

 

Неофицијално се дознава дека моторите ќе произведуваат над 650 КС, а некои извори велат и околу 1200 КС, што е тешко за верување.

Loading...

Во секој случај, Folgore се очекува да достигне 100 за помалку од 2,5 секунди. Се планира и верзија со 3.0-литарски V6, а можеби и V8.

Останува да ги почекаме деталите, како и официјалниот датум на објавување. Италијанците веќе не навикнаа на одложувања по ова прашање. Сепак, дефинитивно вреди да се биде трпелив, бидејќи GranTurismo Folgore ветува дека ќе биде многу возбудлив.