Ламборџини е скап и ексклузивен автомобил сам по себе, но тешко може да се спореди со цената на оваа регистарска табличка.
Ламборџини Авентадор СВЈ Ростер е еден од најексклузивните суперспортски автомобили на патиштата, но дури и со цена од околу 390.000 евра тешко може да се спореди со износот наменет за нејзината регистарска табличка.
Имено, сопственикот и платил ни повеќе ни помалку од 10 милиони евра на аукција!
Најскапата табела во светот доаѓа од Катар, и ја има трицифрената бројка 123.
Сосема погодно, Ламборџини со оваа регистрација е снимен во Монако, каде редовно „парадира“ меѓу најексклузивните и најскапите автомобили во светот.
За потсетување, Aventador SVJ Roaster користи 6,5-литарски V12 мотор со 770 КС и 720 Nm кој од 0 до 100 km / h достига за 2,9 секунди и до максимални 350 km / h.