На падините на еден рид во Бразил се појави скулптура, на која сите локални жители немаа позитивни реакции.
Уметничката Jулијана Нотари, која исто така живее во близина на овој рид, поминала 11 месеци во градењето на ова монументално дело – вагина висока дури 33 метри, ширина од 16 метри и длабочина од 6 метри.
Скулптурата се вика Дива и се наоѓа во рурален уметнички парк.
„Тоа траеше долго… тоа е околу 11 месеци упорност и учење. Сепак, тоа е рачно изработена скулптура”, рече уметникот.
Како што објасни таа, оваа нејзина работа треба да претставува „иницијатива за разговор на темите за родова еднаквост, особено во ерата на антропоцентризмот и космопоцентризмот што преовладуваат во западното општество денес“.
Многу локални жители не беа многу воодушевени од инсталирањето на Дива, па на социјалните мрежи напишаа дека „уништувањето на пејзажот со вакво нешто треба да биде кривично дело“ и дека „би се срамеле да дојдат со своето семејство на вакво место“.
Conheçam Diva, obra incrível da artista Juliana Notari na Usina Santa Terezinha, agreste de Pernambuco.
O primeiro tuíte do ano é sobre arte e é sobre mulher ? pic.twitter.com/xNNNDSwD2p
— fabiana moraes (@fabi2moraes) January 1, 2021