За в среда во 13 часот пред Владата е закажан граѓански протест против судската постапка за смртта на четиригодипниот Алмир Алиу, кој пред две години беше прегазен во Куманово, а деновиве обвинетиот Бобан Илиќ беше пуштен од притвор, откако делото беше преквалификувано, од убиство во сообраќајка со смртни последици.
Повикот за протест, како што јавува НоваТВ, се споделува на социјалните мрежи.
– Ве очекуваме на протест да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што било најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца, повикуваат организаторите на протестот.


