Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ индексот ќе има висок коефициент со вредност 9.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 32 степени целзиусови.
Утре ќе се задржи сончево и уште потопло време, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер.
Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали.