Кога зборуваме за суперинтелигенција, сите ги споменуваат имињата на Тесла, Ајнштајн или Хокинг.
Сепак, според некои тврдења, никој од нив не е на врвот на листата на најинтелигентни луѓе во историјата.
Првото место го држи човек чие име малкумина го знаат – Вилијам Сидис.
Овој Американец со украинско потекло, роден во 1898 година, уште како дете покажал извонредни математички и јазични способности.
По неговата смрт, во јавноста протекоа информации дека ова е најбрилијантниот примерок некогаш произведен од човечката раса и дека неговиот IQ се проценува дека е некаде помеѓу 250 и 300 врз основа на психолошки тест од 1933 година.
Да се потсетиме, нормален коефициент на интелигенцијата на просечна личност е помеѓу 90 и 110.
Во неговиот случај, гените исто така го завршија својот дел од работата бидејќи неговите родители биле високо образовани и академски исклучително успешни.
Својата љубов за учење странски јазици ја наследил од неговиот татко Борис, кој бил познат како одличен полиглот.
Под влијание на неговиот татко, тој го развил својот потенцијал и наводно го читал Њeујорк Тајмс на само 18 месеци.
Зборувал осум јазици на осумгодишна возраст. Тој дури и го измислил својот јазик, кој го нарекол Вендергуд.
Имал 11 години кога се запишал на Харвард, а неколку месеци подоцна предавал напредна математика.
Покрај веќе споменатите таленти, Сидис, наводно, можел да каже кој ден бил на кој било датум во историјата, а тој исто така работел и со фасцинантна количина историски податоци.
Објавил и бројни трудови од областа на антропологијата, филологијата, социологијата, психологијата, термодинамиката и многу други области.
Како возрасен, тој тврдел дека зборува повеќе од 40 јазици, но никогаш не забележал значителен успех во животот.
Тој имал само 46 години кога починал од последиците на мозочниот удар, и многумина се сомневаат во неговите бројки на интелигенција, бидејќи е изгубена секоја материјална трага од неговите тестови што може да докаже дека имал неверојатно висок коефициент на интелигенција.