Ужас во Индија: Мајмуни убиле двемесечно бебе!

Сподели со своите пријатели

Група мајмуни вчера убиле двомесечно машко бебе по име Кешав Кумар во градот Багпат во Индија со давење во резервоар за вода.

Loading...

Според локалните медиуми, момчето спиело покрај својата баба во собата, кога мајмуните влегле низ отворената врата на терасата и го одвлекле, пишува Latestly.com.

Кога бабата забележала дека го нема детето, го алармирала целото семејство кое неколку часа го барало бебето.

Бебето подоцна било пронајдено како лебди во резервоар за вода.

Полицијата тогаш нареди да се преземат сите „неопходни мерки“, опишувајќи ги мајмуните како „закана“.

Родителите на малиот Кешав изјавиле дека мајмуните и претходно се обиделе да им го киднапираат детето, но дека внимателните роднини успеале да ги спречат со таа намера.