Во близина на познатото египетско одморалиште Хургада, една жена починала откако била нападната од ајкула во Црвеното Море.
Според официјални извори, жртвата била идентификувана како Елизабет Скваер, која живее во Хургада и е мажена за Египќанец.
Целиот инцидент се случил во близина на познато летувалиште.
Таа во петокот вечерта била пренесена во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите таа за жал починала.
На видеото се гледа како луѓето од брегот го гледаат нападот и ѝ викаат на жената, но никој од нив не се осмели да влезе во водата.
Водата околу жената цело време беше црвена од крв.
https://youtu.be/jN8RJtVEx3w