Ужас во Австрија: Пукање во училиште, најмалку девет мртви (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Австриски Грац моментално е во состојба на опсада. Имало пукање во училиштето. Локалните медиуми јавуваат дека има мртви. Станува збор за училиштето БОРГ Драјершуценгасе.

Најмалку девет лица се убиени во напад во училиште во Грац, објавија австриските медиуми во вторник, но информациите не беа официјално потврдени.

 

 

Полицијата објави дека во 10:00 часот по локално време започнала операција во средно училиште во близина на Грац, на југоистокот на Австрија.

Според медиумските извештаи, од средното училиште на Драјершуценгасе се слушнале истрели, јавува Би-Би-Си.

Австриското Министерство за внатрешни работи наведува дека се стравува дека неколку лица загинале, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, додека локалните медиуми јавуваат дека полицијата објавила дека тој извршил самоубиство.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канцеларот Стокер: Пукањето во училиштето во Грац е национална трагедија

 

 

Според локалните медиуми, многу лица се тешко повредени, вклучувајќи ученици и наставници.

Полициската операција сè уште е во тек, бидејќи училишната зграда се евакуира. На терен има силно полициско присуство, вклучувајќи и специјални единици.

 

 

Loading...

Состојба на тревога

Полицијата вели дека ја испратила својата специјализирана тактичка единица, Кобра, која е задолжена за напади и заложнички ситуации, на терен, заедно со редовни интервентни тимови.

Се наведува дека е прогласена вонредна состојба за локалните болници, а ранетите ученици биле згрижени во блиската концертна и изложбена сала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германските разузнавачи: Се поголем број екстремисти во AfD

 

 

Владата, исто така, реагирала на пукањето – канцеларот Кристијан Штокер ги откажал сите свои обврски за тој ден, додека министерот за внатрешни работи, според извештаите, се упатил кон Грац, објавува Би-Би-Си.

 

Loading...

 

Се огласи и полицијата

Полицијата штотуку одржа прес-конференција во Грац, потврдувајќи дека неколку лица се убиени, а други се ранети во нападот врз средното училиште на Драјершиценгасе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девет милитанти на Исламска држава погубени во Иран

Тие одбија да го дадат точниот број на жртви, но некои австриски медиуми објавија дека најмалку девет лица се убиени, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач.

 

 

Loading...

Локалниот градоначалник Елке Кар изјави за новинската агенција АПА дека осомничениот напаѓач е меѓу загинатите.

Портпарол на полицијата им изјави на австриските медиуми дека тој бил ученик во тоа училиште.

Полицијата вели дека училиштето сега е обезбедено и дека повеќе нема никаква опасност, јавува Би-Би-Си.