Узбекистан: Ракети од Авганистан ја погодија нашата територија

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Узбекистан во средата соопшти дека ракети истрелани од Авганистан погодиле нивна територија, но не експлодирале и не предизвикале жртви.

Loading...

„Околу 16 часот и 20 минути во близина на границата е забележан пад на пет ракети, најверојатно лансирани од територијата на Авганистан. Кога паднале ракетите, немало експлозија, човечки жртви или уништување. Причинета е помала штета на четири приватни куќи“, се наведува во соопштението, пренесува Бета.

Соработка со авганистанската страна

Властите додаваат дека „во соработка со авганистанската страна ги спроведуваат неопходните мерки за утврдување на причината за инцидентот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

Во април, авганистанскиот огранок на вооружената група Исламска држава Ирак и Левант (СИЛ) тврдеше дека извршил ракетен напад врз Узбекистан, што узбекистанските власти го негираа.

Узбекистан, најнаселената земја во Централна Азија, со околу 35 милиони жители, дели повеќе од 140 километри копнена граница со Авганистан.

фото: илустрација