Увозот на храна оваа година ќе достигне рекордни 1,8 трилиони долари

Сподели со своите пријатели

Вредноста на увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 трилиони долари оваа година поради повисоките цени кои сè уште не ги надоместуваат трошоците на земјоделците, предупреди Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).

Loading...

Во однос на минатата година, вредноста на увозот ќе се зголеми за 2,9 отсто, или 51 милијарда долари, а дури 49 милијарди од таа сума отпаѓаат на повисоките цени на храната, истакнуваат од ФАО, пренесува Хина.

„Со оглед на наглиот пораст на цените на инпутот, загриженоста за временските услови и зголемената неизвесност на пазарот поради војната во Украина, најновите прогнози на ФАО сигнализираат веројатни ограничувања во снабдувањето со храна и нов рекорден трошок за увоз“, објасни економистот Упали Галкет Арачилаџ.

Високите цени обично се добра вест за производителите бидејќи носат поголем профит, но во актуелниот случај тие се надминати со зголемените трошоци за инпут поради повисоките цени на енергијата и ограничувањата на извозот на клучните ѓубрива од големите производители, предупредува ФАО.

Доколку потрае, таквата состојба ќе го загрози брзото и ефикасно зголемување на производството.

Рекордни нивоа

„Остриот пораст на цените на инпутот го покренува прашањето дали земјоделците ширум светот можат да си го дозволат тоа“, објаснува Јозеф Шмидхубер од Бинг Киао од Одделот за пазари и трговија на ФАо.

Индексот на цените на инпут на ФАО го достигна своето највисоко ниво во историјата и порасна побрзо од индексот на цените на храната на ФАО во изминатите 12 месеци.

Ова покажува дека реалните цени за земјоделците се всушност ниски, и покрај тоа што потрошувачите плаќаат повеќе, што пак ги намалува стимулациите за зголемување на производството во иднина, објаснуваат од ФАО.

Loading...

Сегашната ситуација не навестува добро производствена реакција која би можела да го спречи понатамошниот раст на цените на храната во сезоната 2022/2023, и онаа потоа