На денешната 63та по ред седница на Совет на Општина Куманово беа утврдени цените за користење на тениските терени „23 Октомври“ кај Спортската сала во Куманово.
Во зависност од термините се формирани и цените, односно во период од 08:00 – 16:00 часот влезницата ќе изнесува 100 денари, во период од 16:00 до 20:00 часот цената ќе биде 200 денари, додека во доцните вечерни часови од 20:00 до 22:00 часот билетот ќе чини 300 денари.
Доколку во програмата за училиштен спорт се вметне и програма за тенисот тогаш учениците ќе може да ги користат терените без надокнада, исто како што сторивме и за градскиот базен. Ова е одлука која се однесува само за граѓаните и за клубовите членови на општинскиот Сојуз на спортови – рече Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.

