Утрово 100 возачи казнети за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Сподели со своите пријатели

Сто возачи утринава биле казнети на автопатот Куманово – Скопје – Велес поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Утрово (17.07.) од 08 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 100 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, 20 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply