Утринава речиси насекаде во земјава преовладува сончево и студено време. Само во гевгелискиот регион утринската температура била позитивна. Дуваше слаб ветер од северен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Куманово ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени целзиусови.
До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.