Утринска магла, во текот на денот сончево и суво

Сподели со своите пријатели

Во земјава претпладне по котлините и долж Повардарието ќе има магла и ниска облачност. Од пладневните часови претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме магловито претпладне, со сончево до умерено облачно време во текот на денот. Утринската температура изнесуваше 1, а максиамалната дневна се очекува да достигне 13 степени.

Ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините и сончево особено на планините. Ќе биде претежно тивко и без поголеми промени на температурата. Во петок попладне претежно во западните делови ќе има краткотрајно наоблачување и услови за слаб локален дожд.

Leave a Reply