Утре ќе бидат познати медалистите во кошарка од Младинската Олимпијада (ЕМОФ 2025) што се одржува во Куманово и Скопје.
Распоредот започнува рано наутро во 08:30 часот кога машките репрезентации на Израел и Словенија ќе играат во Спортската сала Куманово за петото место.
Паралелно во салата на СОУ „Перо Наков“ македонската машка репрезентација во исто време ќе игра со Латвија за 7. место.
Србија (мажи) ќе игра во 10:45 часот во Спортската сала Куманово за бронзен медал, но се уште не е познат противникот.
Во 10:45 часот во СОУ „Перо Наков“ женската репрезентација на Македонија ќе игра за седмата позиција против Унгарија.
За злато ќе игра Турција во 13 часот во Спортската сала Куманово, но противникот се уште не е познат.
Женските репрезентации на Финска и Словенија ќе играат од 13 часот во СОУ „Перо Наков“ за 5. место.
Младите девојки од Германија ќе играа за бронзен медал од 15:15 часот во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“.
Во 15:30 машката репрезентација на Франција ќе игра за злато во Спортската сала Куманово.
Никола Ивановски