Големиот логистички и диструбитивен центар на „Лидл“ утре ќе започне да се гради во индустриската зона Новине и Речица и во Куманово.
Станува збор за огромен објект, кој компанијата ќе го гради на околу 17 хектари земјиште што за 5,3 милиони евра го купи од општината.
Утре ќе бидат удрени и темелите на логистичкиот центар кој се очекува да вработи стотина лица.
На настанот ќе бидат присутни претставниците на Лидл, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и германската амбасадорка Петра Дрекслер.
Никола Ивановски