Утре започнува боксерскиот турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово утре и задутре ќе се одржи четвртиот по ред меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во чест на прославеното тренерско боксерско име.

Loading...

Празник на боксот и ревија на најдобрите боксерски имиња од Европа каде ќе настапат боксери од Италија, Турција Австрија. Молдавија Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија , Романија , Полска и секако Македонија.

Петок на програмата ќе бидат полуфиналните борби, додека во сабота е закажано финалето како и доделувањето на пехарите и медаљите за најдобрите за оваа година.

Турнирот ќе се одржи во Спортската сала на Средното економско училиште „Перо Наков” во Куманово со почеток и старт на борбите од 15 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега