Утре вонредна седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Вонредна седница свика претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска за утре во 10 часот во зградата на поранешен Комитет.

Loading...

Како што информираше Ѓорѓиевска, на дневен ред ќе се најде една точка, а тоа е информација за случувањата на депонијата Краста.

– На истата се поканети „Чистота и зеленило“, Инспекцијата за животна средина, директорот на „Еко Исток Североисток“, Секторот за внатрешни работи и претседатели на месните заедници Пчиња, Студена Бара и Вак’в, како и Секторот за комунални дејности при општина Куманово, информира претседателката.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја дел од центарот на Куманово