Утре промоција на романот на Лара Денковиќ – „Не ти, другиот“

Сподели со своите пријатели

„Не ти, другиот“ е романот на Лара Денковиќ од Куманово кој утре ќе биде промовиран во Занаетчискиот дом со почеток во 19 часот.

Loading...

Станува збор за љубовна приказна испреплетена со судбината.

– Романот го напишав кога имав 17 години и еве две години подоцна се одлучив да го објавам. Станува збор за една приказна испреплетена со судбината и се надевам дека ќе им се допадне на љубителите на убавиот пишан збор, вели Денковиќ.

Клаудија е главниот лик во романот на младата кумановка. Ликот е млада, паметна и убава девојка со големи очекувања и многу планови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бесплатниот превоз во Куманово продолжен до крајот на октомври

Исполнета со ведрина и позитива, со една единствена желба – се да оди по нејзините претходно поставени животни норми.

Но, тој ѝ беше сенка зад нејзиниот кревет, под нејзината перница и во нејзините соништа. Дали ќе може да го оттргне или само ќе се препушти во танцот на старото познато?

Нов непознат хаос, во кој, овој пат таа сама ќе мора да се соочи.

Никола Ивановски

Loading...