Во Младинскиот културен центар „Козјак“ утре со почеток во 20 часот, ќе биде промовиран документарниот филм за легендата на тамбурашката музика во Куманово Драгомир Шојиќ – Шојка.
Loading...
Филмот е во режија на Ратомир Цениќ, а по сценарио на Далибор Шојиќ, синот на музичката легенда.
Во филмот кој трае околу 40 минути, животот и професионалниот пат на Шојиќ го раскажуваат неговите пријатели и соработници Нино Величковски, Томислав Маниќ, Радослав Шутевски-Шуте, Горан Илиќ, Јордан Плевнеш, Маргица Антевска, Митко Апостоловски и други.
Влезот за сите оние кои ќе сакаат да го погледнат документарниот филм е слободен.