Утре попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движид од 16 степени во утринските часови до максимални 33 во текот на денот.

 

 

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува и во четврток.

Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

 

Никола Ивановски