Утре помрачување на Месечината, најдолго во овој век

Сподели со своите пријатели

Последниот викенд во овој месец, ноќта помеѓу 27 и 28 јули, ќе се случува голем небесен спектакл – целосно и најдолго помрачување на Месечината, кое ќе започне од 21:30 и ќе трае до 00:20 часот.

Затемнетата месечина ќе може да се набљудува и од Македонија со голо око. Второто помрачување на Месечината во оваа година ќе биде видливо во голем дел од светот, Австралија, Азија, Африка, Европа и Северна Америка.

Целосно помрачување ќе трае еден час и 43 минути.

Инаку помрачувањето на Месечината се случува при влегување на Месечината во Земјината сенка.

Најдолгото помрачување на Месечината траело шест и пол часа.

Leave a Reply