Утре под влијание на влажен бран времето ќе биде претеж но облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на некои повисоки места во западните делови.
Во деновите од викенд от ќе биде стабилно и суво, во сабота ќ е дува умерен северен ветер, а во недела и понеделник по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Во текот на Новогодиш ната ноќ времето ќе биде стабилно со температура која ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.

