Утре на пладне протест пред и во затворите низ земјава

Сподели со своите пријатели

Затворениците во сите затвори низ Република Македонија утре во 12 часот ќе започнат протест, а нивните семејства и пријатели истовремено ќе протестираат пред казнено-поправните установи.

Околу 2.000 затвореници побараа помилување од шефот на државата по масовната аболиција на 56-мина политичари, нивни соработници и поддржувачи. Тие не бараа целосна аболиција, туку намалување на казната од 30 до 50 проценти.

Помилување побараа и 106 жени затворенички од затворот Идризово, но Иванов им одговори дека нема да ги помилува и ги упати намалување на казната да бараат по регуларен пат.

Затворениците најавија дека утрешниот протест е само почеток. Тие апелираат Претседателот да ги прифати нивните барања, во спротивно најавуваат радикализирање на чекорите и можен штрајк со глад.