Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата педесет и четврта седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно седум точки.
Седницата започнува во 10 часот во свечената сала во поранешен Комитет, а во директен пренос граѓаните можат да ја следат преку програмата на Телевизија „Плус“.
Во продолжение целосниот дневен ред:
Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2020 година;
Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2020 година;
Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2020 година;
Буџетски календар;
Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бајрам Шабани“, дел од УБ 57, плански опфат меѓу ул. „Бајрам Шабани“, ул. „Франц Розман“, ул. „Драгојло Диндиќ“ и ул. „Киро Антевски“ – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бајрам Шабани“и дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 57 и УБ 60, плански опфат меѓу пешачка улица, ул. „Младен Стојановиќ“, крак на ул. „Доктор Рибар“ и ул. „Доктор Рибар“ – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бедиње“, дел од УБ 85, плански опфат меѓу ул. „Трајко Јовановски“, ул. „Новопланирана 2“, ул. „Новопланирана 1“ и ул. „Новопланирана 5“ – Општина Куманово.