Утре ќе се тестира ,,Сејф ситиʼʼ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец со над 5 килограми марихуана (ФОТО)

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности.