Сојузниците на НАТО во вторник ќе ги потпишат пристапните протоколи за Финска и Шведска во седиштето на Алијансата во Брисел.
Loading...
На 28 јуни, на Самитот на НАТО во Мадрид, Турција, Шведска и Финска потпишаа меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО.
Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ен Линде.
По потпишувањето, пристапниот протокол мора да биде ратификуван од сите 30 земји-членки на НАТО.