Со почеток во 10 часот утре ќе се одржи 66-та седница на Советот на Општина Куманово во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.
На дневниот ред пред советниците ќе се најдат 19 точки по кои ќе треба да расправаат и да донесат одлука, а дискусијата и целата седницата можете да ја следите во директниот пренос на Телевизија „Плус“.
-
Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2016 година;
-
Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2017 – 31.03.2017 година;
-
Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието на Општина Куманово;
-
Информација за извршено спроведување на мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз со Извештај за бројот и структурата на опфатените лица во Општина Куманово за 2016 година;
-
Извештај за реализираната Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2016 година;
-
Годишен извештај за 2016 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“;
-
Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
-
Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
-
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
-
Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2017 година;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 876/5, м.в. Шумарица, КО Речица – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1630 и КП 536, м.в. Црно Поле, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3431, м.в. Краста, КО Романовце вон г.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3730, м.в. Велешки пат, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4426, м.в. Стојаќаино трло, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 29/10, м.в. Праскарник, КО Љубодраг – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1101/1 и за дел од КП 5058, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2042/3, м.в. Бара, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП-Зелени површини во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ „3 МУБ“, дел од УБ 53 за КП 3692/5, м.в. Бабин Дол, КО Куманово – Општина Куманово.