Утре ќе се гласа Буџетот на Општина Куманово за 2023 година

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата седумнаесета седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 26 точки, а меѓу нив главна ќе биде точката за носење на буџетот на општината за наредната година.

Loading...

Освен за буџетот, советниците ќе треба да дебатираат и да се произнесат за повеќе програми за работа на јавните претпријатија во текот на 2021 година, а се очекува да биде изгласана и одлука со која ќе се субвенционира бесплатен јавен градски превоз за граѓаните.

Целосниот дневен ред ви го пренесуваме во продолжение:

Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2023 година;

Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;

Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година;

Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска ветер и до 60 километри на час, температурата во опаѓање

Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2023 година;

Loading...

Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година – зимско одржување;

Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цени за зимско одржување на сообраќајници во град Куманово при Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2023 година;

Работна програма за 2023 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година;

Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;

Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожари на повеќе локации низ Куманово

Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;

Loading...

Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година;

Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година;

Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош или помош во натура за 2023 година;

Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година;

Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;

Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2023 година;

Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2023 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Огромна површина зафатена од пожар во селото Војник (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2023 година;

Loading...

Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;

Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2023 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;

Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јануари – јуни 2022 година;

Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово;

Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2023 година.