Утре гласаат болните и немоќни лица во Куманово и затворениците во К’шање

Сподели со своите пријатели

Вкупно 212 болни и немоќни лица во Куманово утре ќе имаат право на глас во вториот круг на осмите локални избори во независна Македонија.

Како што информираше Кристина Цветковска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово, дополнителни 46 лица се пријавиле за гласање во домашни услови во споредба со првиот изборен круг.

Гласање утре ќе се реализира и во Казнено поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање, каде правото на глас ќе можат да го остварат 79 лица.

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ исто така ќе се спроведува гласање, каде има вкупно 42 пријавени гласачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре против МЗТ

И годинава, Куманово ќе биде општина со најголем број гласачи.

Изборниот молк започнува вечерва на полноќ.

Никола Ивановски