Утре гласаат болните и немоќни лица и затворениците во К’шање

Сподели со своите пријатели

Вкупно 166 болни и немоќни лица во Куманово утре ќе имаат право на глас на осмите локални избори во независна Македонија.

Како што информираше Кристина Цветковска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово, 199 болни и немоќни лица поднеле барање за гласање во домашни услови.

– 199 барања беа поднесени за гласање на болни и немоќни лица. Од нив 166 се прифатени и тие ќе го остварат правото на глас во сабота, а 33 се отфрлени, изјави таа.

Гласање утре ќе се реализира и во Казнено поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање, каде правото на глас ќе можат да го остварат 116 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од ноќеска на полноќ започнува предизборниот молк

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ исто така ќе се спроведува гласање, каде има вкупно 58 пријавени гласачи.

Вкупно 94.041 лица во Куманово ќе имаат право на глас на претстојните локални избори кои ќе се одржат во недела, 19ти октомври, покажува списокот објавен од Државната изборна комисија.

И годинава, Куманово ќе биде општина со најголем број гласачи.

Изборниот молк започнува вечерва на полноќ.

Граѓаните на Куманово ќе можат да гласаат за еден од седумте кандидати за градоначалници, како и за 14 листи со кандидати за советници.

Никола Ивановски