Утре без струја повеќе села и населби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе села и населби во Куманово утре во текот на денот привремено ќе бидат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи утре во период од 11:05 до 14:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од селата: К’шање, Клечовце, Кучкарево, Мургаш, Пезово, Довезенце, Скачковце, Зубовце, Косматац, Новосељане, Орашац, Јачинце, Градиште, Кокошиње, Кутлибег.

Прекини во истиот период ќе има и во дел од приградските населби Ајдучка Чешма, Перо Чичо и Тромеѓа.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петок, 11 Октомври, неработен за сите граѓани

Никола Ивановски