Утре без струја повеќе делови од населбата Карпош и ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови на Куманово, како и Граничниот премин Табановце утре неколку часа ќе бидат без струја.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на утрешниот ден во период од 08:15 до 15:00 часот прекини во снабдување со електрична енергија ќе имаат корисниците од населбата Карпош, односно училиштето „Магдалена Антова“ и околните куќи, Никуљски пат, цела Индустриска зона, улiцата 100, односно фабриките „Бијана“, „Глечер“, „Терма лифт“, „Водан“, „Ѓоше млин“, „Јамико“, „Мега“, „Фраг Мак“, „Штус“, „Фишер Тихи“ и  „Јоцо Турс“.

Во период од 09:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе биде и Граничниот премин Табановце.

Никола Ивановски