Утре без струја повеќе делови од Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови од Куманово и Липково утре ќе бидат привремено без електрична енергија во текот на денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи утре во период од 08:00 до 12:00 часот во Липково без снабдување со електричан енергија ќе бидат селата Гошинце, Стрима, Лукаре, Преснице, Глажња, како и браната и акумулацијата Глажња.

Во период од 08:00 до12:00 часот, утре низ кумановско прекини ќе има кај корисниците од селата Пчиња, Студена Бара, Вак’в, Винце и Романовце.

Денеска пак во период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населбата Долно Којнаре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски