Утре без струја овие делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови на Куманово утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 16:00 часот, утре без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Трајко Прокопиев“ поточно од м.в. Магаза до стовариште за дрва „Мила Ела“, но и кон м.в. Чешмиче.

Прекини утре во ист период ќе има и кај корисниците на дел од улицата „Благоја Думановски“, поточно од сервис „Манебенз“ до улицата „Трајко Прокопиев“.

Без струја утре ќе останат и корисниците од улицата „527“ во период од 08:00 до 16:00 часот, исто како у жителите од улицата „17ти Бригади“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  14 литри дожд наврнаа во Куманово, дождливото време продолжува

Никола Ивановски