Голем дел од Куманово во текот на утрешниот ден привремено ќе остане без електрична енергија.
Како што информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07:45 до 11:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Др. Рибар“, „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Бајрам Шабани“, „Тоде Мендол“, локалитетот Поток Серава, „Доктор Нухи“, дел од „3 МУБ“ – објекти околу „Гостилница Дома“ и „Џипси“.
Во период од 11:30 до 13:30 прекини ќе има кај дел од корисниците од булеварот „Трета МУБ“, поточно од градскиот пазар до крстосницата со улица „Бајрам Шабани“.
Прекини во снабдувањето во период од 07:45 до 11:00 часот се најавени за улицата „Илинденска“ и дел од селото Младо Нагоричане.
Од 11:30 до 13:30 часот прекини ќе има на улиците „Бајрам Шабани“, „Борко Танев“, „Вардарска“, „Боро Кидриќ“, „3-та МУБ“ помеѓу Лукоил и крстосницата со улица „Гоце Делчев“, „Христијан Т. Карпош“ и „Пролетерски Бригади“.
Во период од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат мештаните на маалото Бузинци во селото Младо Нагоричане.
Никола Ивановски