Утре без струја две населби во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две населби и едно село во Куманово утре ќе останат привремено без напојување со електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07:45 до 14:30 часот, прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците од населби Иго Тричковиќ и Ајдучка Чешма.

Во меѓувреме во период од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе остане и селото Воиновиќ.

Задутре прекини во период од 08:00 до 15:00 часот ќе има во селото Сопот, а од 08:30 до 14:30 во селото Винце.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза: Какво време носи првата мартовска седмица?