Утре без струја делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини од страна на ЕВН.

Loading...

Во период од 11:30 до 13:00 часот прекини се најавени за корисниците од улиците „Никола Вапцаров“, „Вуковарска“, „Босанска“ и „Крсте Мисирков“.

Без напојување во период од 08:00 до 11:00 часот ќе бидат и корисниците од улиците „Цар Самоил“, „Братство Единство“, „Крсте Мисирков“, „Јане Сандански“, Детска Градинка „Синоличка“, ЈП „Куманово Гас“, Објект на Општина Куманово на улицата „Братство Единство“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со натпреварот Франција - Латвија започна Младинската Олимпијада во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Никола Ивановски