Без напојување со електрична енергија утре ќе биде дел од централното градско подрачје на Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 08:00 до 14:00 часот, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Народна револуција“ и „Тане Георгиевски“, локалитетот на поранешен Комитет и околните објекти.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски