Утре авионско прскање против комарци во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги известува граѓаните дека утре (1 јули 2025 година), во периодот од 04:00 до 10:00 часот, ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци.

„Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месна заедница Бабин Дол, месна заедница Гоце Делчев, месна заедница Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица ЈП ‘Водовод’ – с.Добрашане“, стои во соопштението од Општина Куманово.

За третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW, а од општината апелираат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест пожари изминатото деноноќие низ кумановско

„Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни“, информираат од Општина Куманово.

Никола Ивановски